Во пресрет на утрешниот концерт на Силвија Перез Круз во Македонска филхармонија на Оффест 2020, организаторот на својата фејсбук страница сподели една нејзина преработена музичка тема.

-Од неколкуте музички „надградби“ на легендарната поема на Фредерико Гарсија Лорка “Pequeño vals vienés”, три се издвојуваат како монументални. Првата, секако, на Леонард Коен, кој ја напиша музиката, втората на Енрико Мориенте и оваа, на Силвија Перез Круз и Раул Фернандез – велат оттаму.

Исто така ја сподели и неодамнешната порака што ја упати Силвија:
„Благодарам на сите што го сакаме и поддржуваме светот на културата, како занает, како лек, како израз, како ослободување … благодарам на сите луѓе кои продолжуваат да организираат концерти, на сите тимови што стојат зад секој уметничко изразување и благодарам на секој што доаѓа да го види тој резултат,  тоа му дава смисла на овој колективен циклус на давање и примање. Чувствата, чувствата се  живи. Споделувајте го  тоа чувство. Ако се чувствувавте безбедни, згрижени и мислите дека тоа ви годи, кажете им го тоа на своите најблиски. Песните исто така ни даваат доказ за други начини на живот “, вели таа.
Концертот е на 3 ноември во Македонска Филхармонија од 20 часот, ќе се одржува според задолжителните протоколи.
Влезните билети за концертот на Силвија Перез Круз се веќе во продажба, исклучиво онлајн, преку продажната мрежа на mk.tickets. В.Ѓ.Парго