“На Велигден” е насловена новата песна на музика и текст на Силвана Мучиќ Плевнеш, аранжман Влатко Плевнеш, која ја промовираа по повод Велигден.

-Со најновит сингл „На Велигден“ , кој ќе се најде на нашиот нов албум осми по ред, би сакале да Ви го честитаме Големиот христијански празник Велигден, велат Силви и Влатко, попознати како дуото “Силви бенд”.

-Секое добро и чувајте се, Ве сакаме, ни порачуваат, со желби за што поскоро враќање во нормала и слушање добра музика.

А, минатата година одржаа концерт на покривот од својата куќа во Скопје, а “текст.мк” ексклузивно го објави, па да се потсетиме. В.Ѓ.