Популарното музичко и брачно дуо Силви и Влатко, познатите “Силви бенд” во пресрет на претстојните празнувања им го честитаат големиот христијански празник Велигден на верниците им и посакуваат успешна година.
Тоа го направија пригодно, со музичката тема „На Велигден“, нивниот нов сингл, кој ќе се најде на нивниот нов албум, 8-ми по ред.
Дуото најави и промоција на истата, наскоро. „На Велигден“ е песна креирана по музика и текст Силвана Мучиќ Плевнеш, а аранжман на Влатко Плевнеш.