четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаСилви Пецаковска Џуричиќ, уметница: Каков пример им давате на своите ќерки, ако...

Силви Пецаковска Џуричиќ, уметница: Каков пример им давате на своите ќерки, ако премолчите насилство?!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Жена, кон која од сите страни се поддадени раце кон нејзиниот врат, некои од тие раце може да ги види, а повеќето не. Вие сте авторка на овој цртеж, кој стана и официјалното лого на изложбата во борбата против насилство врз жени „Не молчи, пријави насилство“, организирана од Новинари за човекови права, на седми декември во „Јавна соба“. Што ве инспирира да го создадете овој цртеж?

– Пред се морам да ви се заблагодарам за поканата и чест ми е да бидам дел од овој настан. Да, логото го изработив јас, а инспирација добив додека разговарав со една пријателка која ми раскажуваше за како таа била злоупотребувана и како вешто криела од блиските. Според статистиката секоја жена во својот живот била злоупотребена,без разлика дали тоа било физички или психички. Па со мојот цртеж баш сакав тоа да го потенцирам. Раце од сите страни кои на ваков или онаков начин ја повредуваат жената.

Од моментот кога се вклучивте во организирање на изложбата, колку време Ви требаше да го изработите цртежот?

-Ја направив скицата од цртежот веднаш ноќта, откако разговарав со неа. Следниот ден седнав и за неколку часа веќе го имав на лист се она што го имав замислено во глава.

Кога тие раце би добиле опис, со кои зборови би ги опишале?

-Рацете ги преставуваат сите оние кои ни нанеле болка, заради кои сме потонале во тага, депресија и немоќ. Сите нешто сакаат, очекуваат, земаат, а воедно и не повредуваат. Женското е синоним за нежност и убавина а тоа треба да се почитува и негува а не да се тепа и повредува.

На изложбата прикажавте и други цртежи, некои го објаснуваа феминизмот, некои страдањето на жената. Генерално, која беше заедничката порака на сите тие цртежи?

-Да имав и други цртежи на кои им дадов до израз феминизмот. Често наидувам на изразите „Види како е провокативно облечена, си го бара да биде силувана“ , или „Таа го предизвикува му се насмевна, флертува со него, а потоа ќе бега“. Генералната порака ми беше на нас жените да не ни судат според изгледот.

Вие сте активистка, која јавно проговори за проблемот со кој жената се соочува кога е потребно канабис за здравствени цели, а кај нас тоа се уште не е дозволено. Како го прифати околината ова Ваше објаснување?

-Да, како активистка проговорив за мојот случај со маслото од канабис. Бев принудена да го носам од соседни држави за да се лекувам и на тој начин ја продолжувам битката со карциномот. Околината не ме прифати со широки отворени раце, за нив секогаш ќе бидам онаа чудната во црно, хиперактивна без влакна на јазик.

Изработувате и мозаици од камен, но изложбата беше минималистичка и експериментална, со тоа што акцент се стави на пораката, а рачно напишаните писма на жените-жртви на насилство, и оние кои дадоа поддршка, како и цртежите беа испритани на бела хартија, А4. Се согласувате дека во овој случај идејата и пораката е многу,многу поважна од  самиот материјал?

-Јас изработивам мозаици од камен, но за изложбата донесов слики од мојата работа, бидејќи не бев во можност да донесам примероци од мозаиците. Сакав да ставам акцент на изработката, бидејки од самиот старт на кариерата јас добив многу критики, дека тоа не е работа за жена и како тоа е машка, тешка работа. Дури во последен момент ми откажа клиент за изработка на мозаик во дневна соба, одкако дозна дека јас ги изработувам, мислел дека сопругот е тој што ги изработува. Ете уште еден пример на дискриминација на жена. Мислам дека идејата која ја имавме се реализира, цртежите, пораките и писмата на жртвите добија поголем размер на тоа што се стремевме како активисти.

Живеевте во Америка, извесно време и во Шведска, долги години сте во Македонија. Ајде една споредба, во која од овие три земји женските права се најзаштитени?

-Америка живеев 12 години, а  во Шведска континуирано одам и се враќам назад пак во Македонија. Сепак би рекла Шведска е далеку над сечии стандарди со најмал процент на насилство и најмногу се заштитени старите лица, жените, децата. Америка е веке сосема друга приказна, секое трето домаќинство има насилство, но тоа го решаваат службите и ги разделуваат во шелтери. Но, кај нас не е така- ќе го пријавиш, ќе го соберат, задржат една ноќ во притвор, а потоа ќе се врати дома уште повеке изнервиран и ќе ја претепа со ќотек својата сопруга. Е тоа се случува кај нас. Затоа жените немаат моќ да се борат за своите права, бидејќи ја немаат подршката од општеството.

Во Македонија има насилство, од различен тип. За крај на ова интервју, како би ги охрабриле жените да проговорат јавно за своите проблеми, и да се обидеме сите заедно да ја промениме ситуацијата?

-За жал во Македонија имаме различни видови на насилство. Јас би сакала јавно да им се обратам и да им ја дадам мојата подршка, и нека се приклучат кон кампањата. Да се чуе нивниот глас. Да бидат силни! Нека не дозволуваат да бидат психички, физички малтретирани. Каков пример им давате на своите ќерки, ако премолчите насилство ?!

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ