Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопштува Европско-медитеранскиот сеизмолоки центар. Епицентарот на земјотесот бил на длабочина до 40 километри, 141 километар јужно од Ираклион, главниот град на Крит.

Досега, надлежните сè уште немаат објавено никакви официјални информации за штетите или повредените во земјотресот.

Во меѓувреме, неколку други извори ја пријавија јачината на земјотресот како 6,7, исто така, истакнувајќи дека епицентарот на природната непогода се наоѓа на длабочина од 10 километри.

Се очекува да се процени дали евентуално ќе биде прогласена закана од цунами.

Според жителите на Крит, земјотресот се почувствувал и траел околу една минута.

– Траеше долго, беше силен и се чувствуваше. Нема штета на мојата куќа “, напишал еден од сведоците.

Друг посочил дека постои опасност од мало цунами, за што ги предупреди сите да се држат подалеку од плажите. А.Р.