Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Земјотресот е регистриран утрово во 08:49 часот.

Потресот се случил на 27 километри северозападно од Травник, пренесува „Avaz.ba“. Земјотресот бил почувствуван во Жепче и неговата околина.

Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил силен и кратко траел. Почувствуван е и во Завидовиќи, Травник и други места во овој регион. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.