Москва денеска беше погодена од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а на сила е портокалов метеоролошки аларм.

Жителите на Москва објавија на социјалните мрежи снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците на главниот град, како и дека сообраќајот на улицата е целосно оневозможен.

Некои подземни премини се целосно потопени, пренесува Спутник. А.Р.

Москва ушла под водуПогода ударила по дорогам, подземным переходам, торговым центрам и дворам. Гидрометцентр объявил…

Публикувахте от Интересная Москва в Събота, 20 юни 2020 г.