Меѓународниот фестивал на европски филм, под слоганот „Филм на секое платнo“, Синедејс, годинава носи неколку новитети, кино програма под отворено небо, оживување на заборавените кино локации во Скопје, но и за прв овозможува „Тивко кино“ (Silent cinema) на два кино простора.
 
„Во густо населените средини, со цел да не им пречи на граѓаните кои живеат во непосредна близина, Синедејс  ја покрена иницијативата „Тивко кино“. При проекција на филмовите не се создава бучава, секој ќе има можност звукот да го слуша на слушалки, и да има многу лично доживување на содржината“ – вели Маргарита Арсова, координаторка на фестивалот. 
 
„Тивко кино“ ќе се случува два дена, на 21 и 22 септември на локациите на кино Напредок и кино Маџари. На репертоарот се четири филма од програмата „Синедејс ретро“. Проекциите на филмовите и користењето на реквизитите (слушалките) е согласно протоколите за одржување на настани на отворено. В.Ѓ.
 
КИНО НАПРЕДОК
 
20:00 ХЕРБЕРТ 
режија: Томас Стубер 
 
Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт, ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сé поочигледни. Херберт конечно оди на прегледи кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините. 
 
22:00 МУСТАНГ
режија: Дениз Рамзе Ергувен
 
Доаѓа лето. Во едно село во северна Турција, Лале и нејзините четири сестри се враќаат дома од училиште и патем невино си поигруваат со неколку момчиња. Неморалот на нивната игра доведува до скандал со неочекувани последици. Семејниот дом полека се претвора во затвор. Училиштето е заменето со домашно школување, а почнуваат да се договараат и бракови. Петте сестри што ја делат истата страст за слобода, наоѓаат начин да ги заобиколат наметнатите ограничувања. 
 
КИНО МАЏАРИ 
 
20:00 ТИЛВА РОШ
режија: Никола Лезаиќ
 
Бор, Србија, некогаш најголемиот рудник за бакар, сега само најголема дупка во Европа. Се случуваат мали работнички протести, Тода и Стефан се најдобри другари, скејтери, кои го поминуваат првото лето по завршување на средното училиште. Стефан наесен ќе оди на факултет во Белград. Тода вели дека не би се запишал на факултет дури и да има пари. Времето го помунуваат во снимање на видеа во стилот на „Џекес“ и дружење со Дуња, која се враќа од одмор во Франција, и полека започнуваат тивка борба за нејзиното внимание. Во тој необичен однос на пријателство во изумирање и ривалство, постојано се обидуваат да се надминат. Но, кога малиот работнички протест прераснува во огромен бунт, нивната деструктивност ќе ги врзе повторно.
 
22:00 СМРТ НА ЧОВЕК НА БАЛКАНОТ 
режија: Мирослав Момчиловиќ
 
Почетокот е – смртта на еден композитор. Црна комедија, која го истражува балканскиот менталитет. Камерна драма со многу хумот, одлични дијалози, необична снимателска работа. Осумдесет минути камерата е во еден агол на станот, а сé пред неа се случува со необична динамика и темпо. Во филмот се препознаваат сите лоши аспекти на Балканот, од ситните интереси, суеверието, страв од власта, лицемерието. Филм преполн со маниризам и сатира. 
ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 21.9.
ГРАДСКИ ПАРК
20:30 | ORDINARY LOVE
*Гала премиера
режија: Lisa Barros D’Sa
Џоан и Том се долги години во брак. Нивната врска е исполнета со леснотија, која доаѓа од долгите години поминати заедно, како и длабоката љубов, изразена подеднакво преку нежности и хумор. Кога на Џоан неочекувано ѝ дијагностицираат рак на дојка, текот на нејзиното лечење ја става нивната врска на тест, кога се соочуваат со предизвиците пред нив и помислата што би можело да се случи доколку нешто ѝ се случи на Џоан. „Сосем обична љубов“ е приказна за љубовта, преживувањето и тешките прашања што животот ги поставува пред секој од нас.
22:30 | ГАГАРИН
*Официјална селекција
режија: Fanny Liatard, Jeremy Trouilh
Шеснаесетгодишниот Јури цел свој живот живее во кулите Гагарин, огромен станбен комплекс од црвени тули во периферијата на Париз. Сонува да стане космонаут. Кога ќе се дознае дека има план да се срушат кулите, Јури се приклучува на отпорот. Со неговите пријатели Дијана и Усам, започнува мисија да го спасат нивниот дом, кој станува негов „вселенски брод“.
МКЦ ПАРК
21:00 | Malmkrog
*Гала премиера
режија: Christi Puiu
Земјопоседник, политичар, грофица, генерал и неговата сопруга се собираат во огромен велепоседнички дом и дискутираат за смрт, војна, прогрес и моралност. Како што поминува времето, дискусијата станува сѐ посериозна и пожестока.
ПАРК ИБНИ ПАЈКО
20:00 | EЗЕРО МОЕ
*МК во ЕУ
режија: Ѓерѓ Џувани
Младиот Крсто живее во село крај прекрасното Преспанско езеро, водна површина поделена на границите на три балкански држави, Албанија, Македонија и Грција. За да му помогне на семејството, Крсто станува ситен препродавач на марихуана, користејќи ги својот чамец и познавањето на водите на езерото за да пренесува пакетчиња дрога од албанската на македонската страна.
22:00 | МАТРИЈАРХ
*ЅЕЕ програма
режија: Јуре Павловиќ
Јасна, Хрватка што долги години живее во странство, се враќа во родниот град да се грижи за мајка ѝ, која е на смртна постела. Но дури и врзано за кревет, неподвижното тело на нејзината мајка сѐ уште зрачи со застрашувачки авторитет над сите околу неа. Како што минуваат деновите, Јасна се заплеткува во мрежата на замерки од кои очајно се обидувала да побегне. Ќе успее ли најпосле да се спротивстави на мајка си или пак ќе пропадне во нејзината задушувачка прегратка?
КИНО НАПРЕДОК (POP UP кино)
20:00 | ХЕРБЕРТ
режија: Томас Стубер
Поранешниот шампион во бокс на Источна Германија, Херберт, нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Денес тој е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт, ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сé поочигледни. Херберт конечно оди на прегледи кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.
22:00 | Мустанг
режија: Дениз Рамзе Ергувен
Доаѓа лето. Во едно село во северна Турција, Лале и нејзините четири сестри се враќаат дома од училиште и патем невино си поигруваат со неколку момчиња. Неморалот на нивната игра доведува до скандал со неочекувани последици.
Семејниот дом полека се претвора во затвор. Училиштето е заменето со домашно школување, а почнуваат да се договараат и бракови. Петте сестри што ја делат истата страст за слобода, наоѓаат начин да ги заобиколат наметнатите ограничувања.