Вечерва, 15 јули,  на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 е дисперзирана драматика насловена „Сирота мала богата драма во Кратово“. Видео театарот и видео драмските читања ќе се одржат на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан во 20:30 часот. Овој настан е во продукција на Македонски центар ИТИ Продукција. Истиот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 100 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан.

Дисперзирана драматика: Сирота мала богата драма во Кратово (драми во движење)

(видео театарски проект во 11 кратки епизоди)

Креатор, продуцент, визуелен драматург – Иванка Апостолова Баскар

Режија – Теа Беговска

Играат – Емилија Мицевска Трајковиќ, Томе Станковски

Видео камера/монтажа – Михаило Апостолов

Фотографии – Весна А. Бришкоска