Покрај тоа што оревите имаат два пати поголемо ниво на антиоксидантот полифенол, немаме навика за негово секојдневно конзумирање.

Ова овшје е толку богато со антиоксиданси што му помага на организмот да се ослободи од радикалите кои што ги оштетуваат ќелиите и предизвикуваат многу болести.

Јаткастото овошје, како што се бадемите, кикириките, фстаците, лешникот и индиските ореви, исто така се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини, меѓутоа според сите испитуивања ова овошје не се конзумира во доволни количини.

Испитувањата покажуваат дека секојдневното конзумирање на ореви ги намалува знаците на стареење, и истовремено штити од срцени заболувања и некои врсти на рак. Препорачаната дневна доза е да се изедат седум ореви во текот на денот.

Покрај антиоксидантите, оревите се богати и со здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Со секојдневното внесувањ на ореви се намлуваат и шансите за заболување од дијабетес тип 2. Оревот во себе содржи и високо ниви на масти (55-56%), како и високо квалитетни протеини (15%), јаглени хидрати, а исто така е богат и со калиум, магнезиум, фосфор, железо и витамини Б и Ц. Тие во својот состав имаат и здрави мононезаситени масти и полинезастени масти кои не ги запушуваат крвните садови.

Многумина го избегнуваат внесот на ореви од страв дека ќе ја зголемат телесната тежина, но ова не е точно бидејќи со нивниот внес можете да изгубите на тежина. Тие ќе ви помогнат да се чувствувате сито подолг период.

Најдобро е да се конзумираат сирови, бидејки со термичка обработка се намалува нивната ефикасност.