Комисијата за заразни болести и предложила на Владата , границите да бидат отворени безусловно за патниците и да се отворат скопскиот и аеродромите.

И вицепремиерот за евопски парашња, Бујар Османи, на својот профил најави отворање со постот: „Време е да го отвориме аеродромот и границите без ограничувања!“

Конечната одлука се очекува по завршување на Владината седница, на која меѓу другот се очекува Владата да доенсе одлука за отворање на границите, по сувоземен и воздушен пат. Се претспоставува дека Владата ќе го прифати предлогот, а граѓаните ќе може да патуваат од крајот на оваа недела.

Денеска портпаролот на Европската Комисија во однос на препораката за отворање на надворшените граници кон Западен Балкан, со оглед на зголемениот број на заразени со Ковид-19 во регионот, рече дека препораката за подигање на забраната за патување, не е поврзана само со епидемилошката состојба, туку и со блиското ниво на интеграција, кое регионот го има со ЕУ и генерално со нивните односи со регионот, како што е детално објаснето во препораката од 11 јуни.

Само колку за потсетување, од 22 мај наваму, на сила е мерката за нашите граѓани и за странците кои влегуваат во земјава, да поседуваат негативен ПЦР тест за корона вирусот, не постар од 72 часа, а карантинот е заменет со задолжителна мерка -самоизолација.

Македонските државјани кои времено живеат во странство преку потпишување он лајн петиции бараа безусловно да се дигнат границите за да може летово да си дојдат дома.

Н.С.