дома Живот Сите родители кои користеле породилно отсуство во време на прогласување на времените...

Сите родители кои користеле породилно отсуство во време на прогласување на времените мерки имаат право на продолжено отсуство?!

3798

Последниве неколку месеци родителите кои се на продолни отсуство, особено оние кои пред да заминат на породилно имале договорот за вработување склучен на определено време, останаа со „кратки раце“, односно дел од овие родители реагираат дека им е ускратено правото да добиваат продолжено породилно отсуство иако во период кога беа донесени времените мерки тие се корисници на породилно отсуство. И покрај нивните реакции, само една мајка, по реакција на ТЕХТ.МК (нејзиното име и е познато на редакцијата) успеа да го регулира продолженото породилно отсуство, Во меѓувреме мајките со овој проблем се органиизраа и побараа правно мислење околу нивниот проблем.

Како што пренесува порталот ЈАНАКИ ЗНАЕ  овие кориснички на породилно отсуство имаат право на продолжено породилно. Тие го пренесуваат одговорот што го добиле од Хелсиншки Комитет за човекови права, а во кој се вели:

-Законот за работните односи во членот 170 став 2 предвидува дека работничката на која и престанал договорот за вработување на определено време поради истек на договорот и користи надоместок на плата за време на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, продолжува да го користи правото до истекот на отсуството на товар на органот надлежен за спроведување на задолжителното здравствено осигурување. Оттука, без исклучок, на сите работнички на кои им престанал договорот за вработување на определено време додека го користат породилното отсуство имаат право на продолжување на породилното отсуство и исплата на надоместокот се до истекот на времените мерки.

Како ошто пренесуваат од порталот, Хелсиншкиот комитет за човекови права е во очекување на официјален одговор од страна на Фондот за здравствено осигурување и исправка на ваквиот начин на толкување на Уредбата со законска сила кое оваа група на работнички ги става во нееднаква положба.

Мајките на продолжено породилно отсуство кои се оштетени со прекинување на продолженото породилно отсуство се надеваат дека конечно од ФЗО ќе ги слушнат нивните барања и забелешки и конкретно и позитивно ќе одговорат на нивните барања.

Н.Д.