Дел од кафулињата во Скопје доцна попладнево соопштија на своите фејсбук страници дека одлучиле да ги затворат објектите и со тоа да се вклучат активно во мерките за превенција од ширење на корона вирусот.

Меѓу локалите кои се одлучија на ваков потег се Форца ресторан и бар, Коузи бар, Интермецо…

Големите шопинг центри пак, Скопје сити мол, Рамстор и Капитол, денеска излегоа со најава за скратено работно време и соопштенија дека ригорозно се посветени на одржување хигиена, дезинифицирајќи ги јавните површини во своите објекти. Останува да видиме дали и нивната работа ќе биде прекината во рамки на рокот за превентивни мерки кој важи до 24 март, а што беше препорака од министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. А.Р.