Вечерва, 25.06.2021г. (петок) во рамки на Скопско лето ќе се одржи оперската претстава „ДОН ЏОВАНИ“ (автор: В.А.Моцарт) на „ОПЕРА ПАНОНИКА“, со почеток во 20. 30 часот на Факултетот за ликовни уметности, во објектот Сули ан. Учествува Оперски ансамбл од Осиек, Хрватска, диригент и продуцент е Берислав Јерковиќ – Хрватска, се солисти се Маријо Крниќ, Манос Kристофакакис, Ања Папа, Љубомир Поповиќ, Ива Херман, Катарина Шариќ, а пијано придружбата е на Анте Блажевиќ. Костимограф и сценограф е Анамарија Шербетар.

ОПЕРА ПАНОНИКА – оперскиот ансамбл од Осиек е основан во 2010 година. Ансамблот се состои од музички уметници од Осиек, професори по музика како и многубројни гости од земјата и од странство (Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Јужна Африка, САД, Германија, Италија, Израел, Швајцарија, Канада,…) Покрај целосни сценски оперски изведби, ансамблот изведува и концертни перформанси на опери и оперски дела. Исто така, изведува и други видови на вокална литература (кантати, ораториуми, соло песни,…) Во полн состав ансамблот брои 15 вокални солисти, 20 члена во хор, и 30 члена на оркестарот коишто заедно составуваат оперски ансамбл, кој во текот на само неколку години дејствување веќе влезе во мапата на културните настани, претставувајќи ги својот  уметнички квалитет и потенцијал, не само на домашната, туку и на странската публика. Уметнички директор на ансамблот е проф. д-р Борислав Јерковиќ.

Оперската претстава ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници (на страната karti.com.mk и на самиот влез на објектот пред настанот) по цена од 200 денари.

Воедно најавено е дека утре, 26.06.2021г. (сабота) ќе се одржи концерт насловен „УРКУАЗ” на ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ – канон, Зоран Павловски – контрабас, Петар Христов – кларинет, саксофон, Танжу Селим – виолина, Бирол Рамадан – деф, Хусаметин Бајрам – тарабука, со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници (на страната karti.com.mk и на самиот влез на објектот пред настанот) по цена од 200 денари.

На 28.06.2021г. (понеделник) ќе биде отворена фото изложбата „ПРОВОКАТИВНИ ЛИЦА”, во 20 часот во Изложбениот салон на Културно информативниот центар. Автор на театарските маски е Филип Цветковиќ од Србија.

Инспирацијата, која е неопходен и најпосакуван лајтмотив на создавањето, ќе ја усоврши, дотера и дополни нашата почетна идеја на визуелниот изглед на актерите и нивните маски и костими… Не е тешко да се направи маска за одреден лик. Токму напротив. Лесно е. Секоја линија, секоја точка, бојата на лицето, треба да има свое значење и вкупниот изглед мора да има приказна, приказна зад која се крие личната порака на авторот. Така и јас ја најдов својата инспирација во елементите на претставите кои ги обработувам, како во секојдневните настани, која отворено и јасно потврдува дека борбата во животот е постојана“, вели авторот.

Исто така, на 28.06.2021г. (понеделник) ќе се одржи музичко-драмски концерт „ПИСМОТО ОД КРАЛОТ“ со почеток во 20 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Концертот е во соработка со ТРИАНГЛ ПУЛС.Марика Поповиќ – модератор, мецо- сопран, Андреј Наунов – пијано, Јане Дунимаглоски – тенор, труба и гитара.Идеен концепт, сценарио и  режија: Десанка Глигоријевиќ. Иновативен музичко-драмски концерт за деца „Писмото на кралот” кој е во својство на едукацијата на најмалите, опфаќајќи актуелни теми (екологија, бон-тон, јавно здравје итн.), испреплетени низ музика изведена во живо.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници (на страната karti.com.mk и на влезот на објектот пред почетокот на настанот) по цена од 150 денари.