„Скопје колинг“ оваа година се враќа во старата омилена електронска форма, во вид на еднодневен фестивал на старата, сега веќе легендарна локација АРМ стадион на 5-ти јуни (петок), со листа на изведувачи приспособена за сите генерации и сетила на љубителите на електронската музика, најави „Авалон продукција“.

Фестивалот ќе го отворат навистина се` подобрите „Сирилик“, после нив доаѓа диџејот познат кај нас по добрата забава во Охрид, Морис Вест.

Потоа е на ред еден од најактуелните светски хит мејкери Махмут Орхан кој доаѓа за прв пат во Македонија на голема сцена, како што му прилега на еден толку квалитетен диџеј.

Како ултимативни хедлајнери на вечерта се „Вини вичи“, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали. За шоуата на „Вини вичи“ навистина не треба да се трошат зборови- тоа е нешто што мора да се доживее, вели организаторот.

За да биде листата на изведувачи совршена, како завршен настап ја имаме нашата жива, во секој смисол на зборот легенда, Кирил Џајковски во живо.

SONY DSC

Бината, звукот, светлото и пиротехниката ќе бидат на ниво најголемите светски фестивали.

Заради што поголема масовност и рушење на рекорди по посетеност на настани во главниот град, цената на влезници ќе биде апсолутно достапна на сите за ваков сериозен спектакл, и тоа: ПАРТЕР – 1000 денари, ФАН ПИТ – 1500 денари, ВИП – 2000 денари.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 11 март (среда) во 09 часот наутро, во „Avalon music & ticket store“, продажната мрежа на Авалон низ земјава и оналјн на avalon.mk. А.Р.