Славица Петковска е интересно девојче од Кратово, кое се интересира за песна, музика, уметност, и сѐ што е убаво. Сѐ што се случува следи преку социјалните мрежи, но најактивно следи сѐ што е поврзано со својот голем миленик Тоше Проески, и будно го чува споменот на него. Ни раскажува за себе:
-Јас сум Славица, сите ме викаат  Славица Цаци. Од  мојата 9 година го сакам Тоше, постојано ги следев неговите настапи и концерти, и сѐ што беше поврзано со него ме интересираше. Кога ќе се најавеше концерт на ТВ, си велев “ах, да го даваат на тв за да можам да го гледам”, затоа што не можев да одам на концерт, бев посебно дете, дете со посебни потреби. Тоа ме спречуваше да бидам дал од негов концерт, гледав од дома и пеев како да сум во публиката, со надеж дека еден ден ќе одам и јас на барем еден концерт. Но таа желба не ми се исполни, Тоше замина кај ангелите мене ми остана само болка во срцето,  тага во очите. Си велев “Боже само да имав еден спомен од него”, спомени ми остана само неговите песни и концерти ден денес ги слушам и гледам, и не заспивам без да сушнам негова песна, ни раскажува и се потсетува со голема љубов на својот музички херој.
Од 2008 година таа е дел од социјалните мрежи, каде почнала да ги бара пријателите на Тоше, особено од неговото родно Крушево.
-Ме интерсираше сѐ што е поврзано со него, сѐ што тој сакал,  кои му биле омилени места во Крушево… Тоа првенствено било домот на своите родители, тој бил посебно среќен кога ќе си дојдел дома кај мама тато и дада, и како што кажуваа тие за нив било празник кога Тоше ќе си дојдел дома. Исто Тоше ги сакал и своите другари од детството, кога и да одел во Крушево сакал да се види со нив, тие имале посебно катче за дружба тоа било омилено место Тоше кафулето “Планет” во Крушево. Таму има фотографии од Тоше таму е фотелата каде тој седел, сето тоа ми значи многу, и затоа јас имам желба повторно да одам во Крушево да го посетам тоа убаво кафуле, некогашното место на Тоше…
Славица сака пак да го посети и Музејот, но и манастирот Свето Преображение.
-Ми значи и тоа што Тоше бил вклучен во изградба на манас4тир, кој се вика Свето  Преображение, Тоше помагал во изградба самиот тој носел материјал за  работа. Таму Тоше имал своја соба во која престојувал, ни раскажа Славица и специјално за нашите читатели  ги издвои своите омилени песни од Тоше “Цреша” и “Најдрага моја” .