Од денес на официјалната страница на Маестро Иво Погорелиќ, покрај Рим, Париз, Берлин, Минхен и уште многу други престижни музички центри во кои настапува стои и нашето Скопје и нашиот оркестар АЈГА!, на својата официјална страна најавува оркестарот “АЈГА”, и дополнуваат: „Горди сме и нетрпеливи да го слушнеме за првпат во Скопје со македонски оркестар!“
Концертот на светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ ќе се одржи во Македонската филхармонија на 22 април 2023 година, во 20 часот.
Иво Погорелиќ е роден во Белград, познат по неговите извонредни интерпретации, кои му донесоа голем број следбеници, пофалби и критики од музичките експерти. Погорелич привлече големо внимание од светската музичка јавност во 1980 година како лауреат на престижниот 14-ти Меѓународен натпревар за пијано во Монтреал, каде во финалето одржа спектакуларна изведба на Третиот концерт за пијано на Сергеј Прокофјев. Истата година, Погорелич учествувал и на 10. Меѓународен натпревар по пијано Фредерик Шопен во Варшава, каде од причини кои никогаш не биле целосно објаснети, бил елиминиран пред последната рунда. Оваа контроверзна и неоснована одлука резултираше со незадоволство кај одредени членови на жирито, кои го напуштија натпреварот во знак на протест, додека пијанистката Марта Аргерич ја објасни својата одлука за заминување прогласувајќи го Погорелич за гениј. Овој настан, како ниеден друг во историјата на музичките натпревари, одекна низ светската музичка јавност, која го сметаше Погорелич за вистински победник на овој натпревар.
“Неговите евокативни интерпретации, обликувани од префинет музички вкус, ги проширија хоризонтите на литературата за пијано…“
Легендарниот пијанист ја одбележа класичната музичка сцена на нашето време. Неговиот уникатен музички талент и иновативниот пристап го ставија меѓу најоригиналните музички умови на денешницата. Благодарение на неговите бескомпромисни уметнички критериуми и посветената потрага по идеалот на музичкото изразување, Погорелич, за повеќе од четири децении свирење, оствари автентични достигнувања, ценети и од публиката и од критиката, додека неговите концерти ширум светот се здобија со статус на “со нетрпение очекувани култни настани”.
Негувајќи го култниот статус на уметникот, Deutsche Gramophone објави двојно ЦД во 2006 година со неговите интерпретации, насловено „Генијалецот Погорелиќ“.
Резервирајте ги Вашите билети на време на линкот: https://www.kupikartizase.com/Events/ivo_pogorelic_2023 , Југотон ГТЦ или во продажната мрежа на Купи Карти За Се.