Стотици патници започнаа да го напуштаат крузерот „Diamond Princess“ , по завршувањето на контроверзниот двонеделен карантин кој не успеа да го спречи ширењето на вирусот кај патниците и екипажот.

Меѓу првите патници кои заминаа за Европа се и двајцата српски туристи, објави министерот за здравје на Србија, напоменувајќи дека се уште нема информација каде ќе слетаат српските државјани. Што се случува со македонските државјани, кои беа дел од посатадат на  „Diamond Princess“ се уште нема официјални информации, освен оние од пред неколку дена кога беше јавено дека заразениот Македонец е пренесен во болница, додека останатите двајца се на бродот.

Јапонската влада беше критикувана поради тоа што одлучи да ги задржи луѓето на бродот, што некои експерти го нарекоа совршен инкубатор за вирусот, објави АП. „Diamond Princess“ е најинфективната зона надвор од Кина. Вчера беа откриени над 600 инфекции на бродот со вкупно 3.711 лица. Многу странски држави соопштија дека нема да примат патници што биле на крстарење на „Diamond Princess“, и дека ќе треба да поминат уште по еден карантински период, па според АП, сцената на патниците што се оддалечуваат, влегуваат во такси и исчезнуваат во Јокохама е неверојатна.
Оние кои слетаа со негативни резултати од тестовите на новиот вирус ги исполниле барањата за карантин во Јапонија и се слободни да си одат дома со јавен превоз,  изјави вчера јапонскиот министер за здравство Какунобу Като.

Заминувањето на патниците и посадата од „Diamond Princess“ што е во тек,може во живо да ја следите тука: