Следете го во живо концерот на Global Citizen, Лејди Гага и Свестка здравствена организација.

Бидејќи пандемијата на коронавирусот COVID-19 продолжува да ги присилува луѓето останат дома, интернет заедницата Global Citizen ја користи моќта на музиката и застапување за да ги зближи луѓето со конецерт, насловен „Заедно дома“.

Како што пишувате ТЕХТ.МК Лејди Гага, заедно со  оваа граѓанска заедница веќе собра 35 милиони американски долари  за Светската здравствена организација.  Со средствата ќе купат заштитна опрема за здравствените работници и ќе ги поддржат напорите за развој на лекови и вакцини.

Пред една недела извршниот директор на СЗО ја најави соработката со Лејди Гага, а минатата недела од Global Citizen информираа дека „Еден свет: Заедно дома“ е глобален специјално ко организиран настан во соработка со Лејди Гага, со премиера во сабота, 18 април, во знак на одбележување и поддршка на здравствените работници и Фондот за одговор на солидарноста за COVID-19 и за Светската здравствена организација (СЗО).

Гага, во вчерашното интервју објави дека ко организирале концерт со СЗО за да ги признае напорите на здравствените работници во борбата против Ковид-19. На концертот, кој ќе оди он лајн и кој премиерно е закажан за 18ти април ќе настапат и Сер Пол Мекартни и Стиви Вондер Концертот ќе биде пренесуван во живо во САД, со помош на BBC One ќе се гледа и низ Европа.

Но, листата набргу се надополни со најзначајните забавувачи во светот на музиката и во вторникот, организацијата објави нов список на учесници, вклучувајќи ги Алисија Кис, Ејми Полер, Ауквафина, Камила Кабело, Селин Дион, Елен Деџенерис, Џенифер Лопез, LL COOL J, Лупита Нјонг’о, Метју Меконахи, Опра Винфри, Фарел Вилијамс, Сем Смит, Шон Мендес, Тејлор Свифт, Ушер, Викторија Бекам и многу повеќе.

Концертот по наше време започнува во 20 часот. #TogetherAtHome. Следете го на линкот подолу…