Министерот Филипче на деншната прес конференција потврди дека породилното отсуство на родителите за сега е продолжено до 31 јули.

Од друга страна, директорот на Центарот за јавно здравје -Скопје, Зибери го потврди пишувањето на ТЕХТ.МК дека во Центарот двајца епидемиолози и двајца техничари се заразени со корона вирус.

На прес конференцијата Филипче забележа дека кластерската анализа покажува дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир, прослава во период на 24-ти и 25-ти мај, односно од пред две недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

Тој изјави дека во периодот кој следи, Комисијата ќе предложи до Владата, а во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

Она што загрижува е ппросечната возраст на заблените. Според претседателот на Комисијата за заразни болести, прим д-р Жарко Караџовски  просечната возраст на заболените луѓе во државата изнесува 44,8 години, меѓутоа највисока инциденца во моментот има на возрасна група од 50 – 59 години.

[🔴Во живо] Прес-конференција на МЗ Филипче, претседателот на КЗБ Караџовски и директорот на ЦЈЗС Зибери

Публикувахте от Венко Филипче в Понеделник, 8 юни 2020 г.

Н.Д.