четврток, април 25, 2024
домаНасловнаСледете ја прес конференцијата на Зоран Заев на која ќе се најави...

Следете ја прес конференцијата на Зоран Заев на која ќе се најави четвртиот пакет кризни мерки…многумина се во очекување, особено мајките на продолжено породилно

Премиерот на Владата на РСМакедонија, Зоран Заев на прес конференција ќе ги објави одлуките на денешната владина седница. Иакопретходно беѓе најавена за 12 30 часот, таа е презакажана за 13 15 часот.

На прес конференцијата треба да бидат објавени мерките од четвртиот антикризен пакет, како и конечната одлука за (не)враќањето на мајките на продолжено породилно отсуство, а на кои на средбата со премиерот Заев им беше ветено дека денеска ќе има конечна улога за нив.

Во информацијата од Владата се вели дека мерките ќе ги соопшти претседателот на Владата Зоран Заев, а на пресот ќе бидат присутни и заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски. На пресот нема да биде министерот за здравство, иако се очекуваа и многу одлуки во однос на започнуавњето на училишната година и целодневната настава на децата, условите во градинките…

Според досегашните информации кои беа споделувани се знае дека 350 милиони евра ќе вреди четвртиот пакет економски мерки со кој Владата ќе се обиде да им помогне на фирмите и на граѓаните кои се погодени од кризата, а ќе има платежни картички за пензионери и невработени.

Во мерките предвидена е поддршка за фирмите и тоа во форма на грантови ама само за најпогодените сектори, додека за другите ќе има субвенции за плати за последниот квартал. Владата планира да го продолжи грејс периодот на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата додека се планираат и некои даночни олеснувања. Ќе има намалување на ДДВ за одредени услуги.

Следете ја прес конференцијаат во живо:

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ