Слика на Винсент Ван Гог беше украдена во текот на ноќта од музејот „Сингер Ларен“ во Холандија, објави новинската агенција АНП.

Музејот во градот Ларен во моментот е затворен поради пандемијата на коронавирус.

Не е објавено за која слика на Ван Гог се работи, освен дека била позајмена од музејот во Гронинген. А.Р.