Амбасадата на Република Словенија денес, 17 мај 2018, во градската кафеана„Пелистер“ одржа прес конференција по повод активностите со хуманитарната кампања “For the Children of the World”, за помош на децата бегалци сместени на островот Лесбос во Грција.
На прес конференцијата присуствуваа Јуре Поглајен и Давид Зорко, кои заедно со Борис Крабоња од невладината организација “Rebel”, се автори и главни промотори на кампањата.
Поглајен и Зорко за прв пат заминале на Лезбос во 2015 година и тоа на одмор, за да се соочат со сликата на бегалците сместени таму. По професија стоматолог и ветеринар, заедно со останатите волонтери тие основале дури и клиника за бегалците. По враќањето од „одморот„ тие во Словенија започнале кампања за помош на бегалците во Грција, кои живеат во исклучително лоши услови и во соработка со хуманитарната организација ADRA Словенија успеле да соберат 10 тони различни најбарани продукти за бегалците донирани од словенечките граѓани. За оваа акција Поглајен бил награден си титулата „Личност на 2015 година„ од страна на најголемиот словенечки весник „Дело“.
Во средината на март оваа година, тие заедно со Борис Крабоња ја основаат хуманитарната кампања “For the Children of the World”, посветена на децата бегалци на островот Лезбос, а целта беше да се соберат пари за да се купат 300 колички за децата. Многу познати личности во Словенија се придружија и ја поддржаа кампањата – од интелектуалци, академици, до политичари, уметници и новинари. Но, најважно беше оној од словенечките граѓани кои за помалку од два месеца донираа повеќе од 15.000 евра во кампањата.
Јуре и Дејвид лично ќе ги предадат количките во логорот Мориа во средината на мај, во придружба на двајца новинари од словенечката национална телевизија и радио.
На прес конференцијата говореше и Словенечкиот Амбасадор во Република Македонија, неговата екселенција проф. Д-р Милан Јазбец.