„Македонска пошта“ повторно ги отвора вратите за плаќње на сметките, како и за други услуги поврзани со платниот промен.Од денеска и во текот на првата недела платниот прометќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.

Халкбанк на располагање ќе добие околу 300 шалтери ширум земјава, за вршење на платен промет преку Македонска пошта..

Провизиите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Ал.Н.