четврток, април 25, 2024
домаКујнаСоборени ракети над Сирија, Пентагон тврди дека не се американски

Соборени ракети над Сирија, Пентагон тврди дека не се американски

Сириските воздухопловни сили одговорија на воздушниот напад над Хомс, кој имаше цел да ја погоди воздухопловната база Шајрат, соопшти сириската државна телевизија, додека Пентагон соопшти дека во таа област во тоа време немало американски воени активности.

Како што наведе сириската телевизија, ракетите ги собориле државните сили за одбрана, објави Ројтерс.

На прашањето за ракетниот напад врз воздухопловната база Шајрат во сирискиот регион на Хомс, Пентагон соопшти дека „немало воени активности на САД во таа област во тоа време“, пренесе британската агенција.

Сириските медиуми не наведоа кој би можел да ги истрела овие ракети. Подоцна, проирански Хезболах соопшти дека истрелале три ракети на воениот аеродром североисточно од Дамаск.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ