Пишува:м-р Варвара Стојановска Чукиќ, лиценциран психолог

Одржувањето на менталното здравје за време на пандемијата на коронарниот вирус и сè што следеше како резултат на ширењето на инфекцијата е скоро исто толку важно колку и упатствата и советите како да се самозаштитиме.
Психолозите се согласни дека  „не можеме да се однесуваме како ништо да не се случува, но можеме и мораме мирно и рационално, со ладни глави, да ги земеме предвид фактите, да ги слушаме експертите и да видиме колку всушност ќе трае оваа ситуација“.
Затоа потребни сме си самите на себе и неопходно е да си се посветиме да се подигнеме над ситуација и побезболно да ја надминеме анксиозноста која не следи.

М-р Варвара Стојановска Чукиќ, лиценциран психолог пишува за автогениот тренинг како алатка за совладување на стресот, кој што е неопходен ако сакаме да го одржуваме психофизичкото здравје во услови на пандемија.

Автоген тренинг е ефикасна, современа, активна, релаксациона,  бихејвиорална психотерапевска техника за постигнување на општа добросостојба , превенција и  совладување на стрес. Интеграција  е на практични релаксациони техники, со главна цел, ослободување од наталожена  психолошка и физиолошка тензија.  Го унапредува и одржува психофизичкото здравје, превенира и лекува болести . Доаѓа до ослободување на телесни и психички сили кои секој од нас ги поседува.

Етимолошки , автоген тренинг потекнува од грчките зборови autos, што значи сам и  genos = род. Поимот тренинг е одомаќен  кај нас , од англискиот јазик   и значи вежбање. Во превод, се работи за самостојно, самородно, сопствено вежбање. Описен превод би бил “вежбање кое настанува само од себе”.

Причината за опстојувањето на Автоген тренинг се бара во резултатите кои се постигнуваат со систематско, секојдневно вежбање. Доживувањето на вежбачот дека,  сам,  со  сопствена акција си делува на психофизичкото здравје и е сведок на промените кои ги искусува е мотивација за продолжување на тренингот се додека не се усвојат сите вежби.

Основна цел на тренингот е  секој учесник да ја совлада техниката за самостојно вежбање.Со тоа постигнува состојба на длабока опуштеност и значајни исцелувачки ефекти како за телото така и за психата.Испитувањата покажале дека практично делува на фукционирањето на сите органи.

Се постигнува повисок степен на психофизичка релаксација што овозможува урамнотежување на симпатички и парасимпатички нервен систем , нормализација на дишење и функција на крвни садови, подобрување на концентрација, внимание, перцептивни способности ,зголемување ефикасност на интелектуални функции, толеранција на стрес, подобрување квалитет на сон и урамнотежување на расположенија.Се намалува анксиозност, физичка напнатост како притисок и стегање во градите.

Извори на автоген тренинг без автосугестија се класичен автоген тренинг , психологија од истокот и психологија на учење.

Се состои од два дела : Подготовка за вежбање и Основни шест вежби

Подготовката за вежбање е составена од сет на источни релаксациони методи и современи психотераписки релаксациони вежби. Целта  е постигнување подлабока релаксација пред започнување на основните вежби.

Основните вежби се однесуваат на:

  1. Барање чувство на тежина во избраната рака, со што се постигнува опуштање на  попречно – пругасти мускули во екстремитетите , се зголемува приливот на крв и мускулната маса.
  1. Барање чувство на топлина во избраната рака – се опуштаат крвните садови , во чии зидови се наоѓаат мазните мускули , кои исто така се опуштаат иницирани од претходната вежба.
  1. Регулирање на дишењето – преку мирно и рамномерно вдишување и издишување,се приближува до природното  дишење
  1. Рамномерно чукање на срцето – нормализира срцева функција доколку има пореметувања предизвикани од психолошки фактори . Олеснува тегоби и спречува влошување кај органски заболувања
  1. Барање топлина во стомакот – ја урамнотежува работата на внатрешните органи
  1. Барање свежина во челото – покрај обезбедување релкасација има и поттикувачко, активациско дејство. Го поттикнува и подобрува вниманието, ослободува мисловен тек од кошмари , ја разбиструва свеста и ги изострува сетилата.

Усвојувањето на вежбите е облик на учење кој бара одредени услови , како исклучување или неутрализирање на сите попречувачки и надразнувачко вознемирувачки сетилни фактори  (силни звуци, висока или ниска температура на воздухот, непријатни/пријатни мириси, тесна облека и чевли, различни видови болка). Повлекување во светот на тишината е основен услов за вежбање.

Клиничка апликација и евиденција

Има различна примена и се користи во различни патофизиолошки состојби и психолошки нарушувања,  како на пример бронхијална асма, хипертензија,  кардиоваскуларни заболувања, мигренозни главоболки, гастронтестинални пореметувања, гинеколошки нарушувања,  пореметувања во метаболизмот , автоимуни заболувања ( мултиплекс склероза, тиреодизам, ревматен артрит, …), парадентоза, алергии, одвикнување од зависности и др. Во лонгитудиналните истражувања на депресија, најголем успех, после осум месеци и континурано следење до третата година,  имало комбинација од автоген тренинг и психотерапија. Исклучителни резултати постигува кај фобии.

Покажал ефикасност во  намалување или елиминирање анксиозност, доведува до  опуштеност и спокојство, обезбедува здравје и емоционален баланс, ја зголемува довербата и себе-почитувањето, ја зголемува концентрацијата и фокусот, ја зголемува продуктивноста и ефикасноста на интелектуалните функции, обезбедува алатка за себеохрабрување и зголемен локус на контрола, значајно го подобрува квалитетот на спиење, промовира личен раст и развој.

Од неговото настанување , континуирано се прават истражувања во Германија , додека од 1980 година и ширум светот. Во 2002 година, во мета анализите на 60 студии кои биле публикувани во Applied Psychophysiology and Biofeedback , покажани се значајни позитивни ефекти во однос на бројни дијагнози, позитивен фидбек од пациентите , како и  перципиран квалитет на живот. Во Јапонија, истражувачите од  Психолошки и Советодавен Сервисен Центар, создале мерни единици за клиничката  ефективност на автогениот тренинг, кои ги публикуваат во извештаите.

Предностите на тренингот се втоа што може да се вежба самостојно,  брз е ,  додека се учи, бара во просек 15-20  минути, се вежба 3-4 пати дневно.

За извежбување потребни се  од 2-5 минути, а не изискува трошоци за опрема или посебна гардероба и  може да се практикува секаде, во зависност од времето што  е на располагање

Тренингот го организира и спроведува лиценциран психолог м-р Варвара Чукиќ Стојановска. Тренингот трае 8 средби по час и половина, а меѓу 7 и 8 ма средба – 21 ден пауза. Се започнува со  2 предвежби (едната за исклучување на сетила не се менува , а секоја средба има нова втора предвежба,  за различни состојби и цели ), секоја средба, почнувајќи од втората, се изучува по една основна вежба  (тежина, топлина, дишење, срце, стомак, чело ). Последниот час се проверува усвојувањето на вежбите. Цената на тренингот е 6.000,00 денари, а го спроведува м-р Варвара Стојановска Чукиќ, лиценциран психолог. Можете да ја контактирате на varvara.cukic@ yahoo.com или ++ 389 75 448 661.