По трчањето или возењето милји на велосипед, без разлика дали тоа е вежбање во природата или трчање на трака, најдобро е денот да го завршите со квалитетен оброк. Ова подразбира 15 до 20 грама протеини потребни за градење на мускулите во комбинација со соодветната содржина на јаглехидрати и мала количина на маснотии.

Јаглехидратите се важни, за да го вратите гликогенот, што се троши за време на вежбање (тоа се честички за чување на глукоза – енергија за мускулите и клетките), при што е важно тоа да бидат јаглехидрати од овошје или зеленчук, што е богато и со антиоксиданси.

Еден од најдобрите избори за брзо обновување на енергијата после вежбање е чаша свеж пијалак. Основа на една таква енергетска бомби може да бидат листови од зелка или спанаќ, брокула, бидејќи тие се многу богати со антиоксиданси и ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и функцијата на срцето, но тоа може да бидат скоро сите видови на зеленчук и овошје.

Добар извор на протеини може да биде јогуртот или сурутка во прав, и ако му додадете лажичка Chia семиња или прав од коноп, тоа ќе стане вистинска енергетска бомба. Chia семињата содржат два пати повеќе протеини отколку повеќето други семки, а правот од коноп содржи многу високо ниво на edestin, протеин, што е многу корисен за развојот и за обновување на мускулите, но исто така и големи количини на магнезиум.

авокадо
Авокадо и тиква

Состојки: 1/2 чаша месо од тиква, најдобар од замрзнувач, 2 дл јогурт, 1/2 чаша вода, 1/4 авокадо, 2 лажици ленено семе, една лажица јаворов сируп.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки додека не се добие мазна пена.

Хранлива вредност (по порција): 383 калории, 22 грама протеини, 40 грама јаглени хидрати, 11 g влакна, 26 g шеќер, 17,5 грама масти, 4,5 грама заситени масти, 82 mg натриум.