четврток, април 25, 2024
домаСомневање за шуга во „Зара“ во Подгорица, инспекција ќе ја проверува гардеробата

Сомневање за шуга во „Зара“ во Подгорица, инспекција ќе ја проверува гардеробата

Поради сомневање за шуга, санитарната инспекција ќе ја проверува гардеробата во продавницата „Зара“ во главниот град на Црна Гора, потврди за подгоричка „Побједа“, директорката на Управата за инспекциски работи, Ана Вујошевиќ.

Како што дознава „Побједа“, некои граѓани се сомневаат дека од таа продавница добиле шуга и велат дека откако ја облекле облеката од „зара“ им се појавил осип на стомакот или грбот, пренесе Н1.

„До инспекцијата стигна иницијатива и беше доделена на санитарна инспекција. Кога ќе заврши надзорот, ќе ја информираме јавноста за констатираната состојба“, рече Вујошевиќ.

„Побједа“ за оваа тема испратила прашања до Институтот за јавно здравје на Црна Гора, но не добила одговор. Неофицијално им било потврдено дека има случаи на шуга, но дека бројката не е невообичаена.

Оваа заразна болест вообичаено се пренесува со продолжен директен контакт со кожата на заразено лице или со користење на иста постелнина, облека или долна облека со заразено лице.

RELATED ARTICLES

Most Popular