Во клубот „Станица 26“ на 14 март се одржа еден од најубавите концерти на „Градска сесија“ што ги организира „3 Гонга“. Овој пат, тоа беше концертот на „Софт машин“, со ведрите и расположени членови, кои освен што музицираа доста и зборуваа и раскажуваа анегдоти, случки, податоци, пловејќи низ времето од седумдесеттите, па се досега. Култниот бенд „Софт машин“ заедно со „Пинк флојд“, ја создаде британската андерграунд-сцена во 1960-тите години. Ова беше прво нивно гостување во Скопје.