Ако купувате онлајн облека тогаш ова е она што ви е потребно! Имено, тим на академици во Хонг Конг развија 3D апликација за моделирање на човекот која драстично може да го промени начинот на кој купуваме онлајн. Наречена 1Measure, оваа алатка со “мерка за еден клик” им овозможува на корисниците да ги снимат своите пропорции за неколку секунди со поставување две фотографии прикажувајќи ги „од глава до петици“.

Откако ќе ги прикачите вашите анфас и профил фотографии, апликацијата користи вештачка интелигенција за да создаде 3D дигитален модел на телото на корисникот за помалку од 10 секунди. По оваа слика, прикажани се над 50 мерења на големината, вклучувајќи сè од колена до рамен наклон. Оваа информација може да се зачува и до неа да се пристапи подоцна.

Оваа револуционерна технологија беше развиена од страна на вонреден професор Трејси П.Ј. на Институтот за текстил и облека во Хонг Конг.

Моментално, постојат и други слични апликации, но тимот на PolyU вели дека овие методи вклучуваат скапи, обемни скенери, а нивните резултати се само приближни. Максималната грешка на апликацијата 1Measure е 1 сантиметар за корисници фотографирани во тесна облека, и 2 сантиметри за оние кои се во широка облека, според развивачите.

Апликацијата е особено корисна кога станува збор за онлајн шопинг. Д-р Жу вели дека технологијата “Не ослободува од ограничувањата наметнати со физички мерења на телото, помагајќи им на купувачите да ја одберат вистинската големина при купувањето онлајн облека”.

Апликацијата исто така може да складира повеќе мерења одеднаш и да ги следи сите промени низ кои телото поминува, што ја прави погодна за оние со фитнес цели.

1Measure може да се преземе и моментално е достапна во App Store на англиски и на кинески. Можете да ја симнете ТУКА.

А.Н.