Како доаѓа летото, така започнуваат и подготовките за на плажа. А, на плажа сите сакаат да изгледаат привлечно. Козметичките салони се вистинско место каде сите желби можат да се остварат, а еден од тие салони кои нудат разни третмани и се главни „виновници“ за вашиот убав изглед е Студиото за масажа и козметика “Енерги студио”.

Во наредниот период на ТЕХТ.МК редовно ќе може да ги читате советите и услугите на ЕНЕРГИ Студио.

ВИБРО САУНАТА е резултат на долги и обемни истражувања каде е тестирана на луѓето и има покажано одлични резултати. Таа е едноставна, економична и комбинирана машина, каде што инидивидуата има целосна контрола со помош на командните копчиња кои се сместени во внатрешноста на оваа капсула.

Начин на работа: Температурата која ја постигнува оваа вибро сауна е макс. 80 степени целзиусови и е регулирана од клиентот. Главата е надвор од капсулата, каде се сместени два моќни вентилатори, кои под ваша контрола испуштаат воздух со ладни негативни јони, а тука е и музиката за опуштање. Во внатрешноста се поставени два вибромасажера, едниот на грбот, а другиот на нозете, кои можете да ги користите одвоено или заедно. Со ВИБРО САУНАТА за време на еден третман успешно се топат 600 калории, кои се еднакви на пешачење од 5-10 километри.

Позитивни ефекти: Помага при губење на вишокот на килограми. Овозможува пријатна релаксирачка средина која ви помага во ослободување на стресот и напнатоста, ја зголемува циркулацијата, ги ослободува болките во мускулите и ја подобрува работата на бубрезите. ВИБРО САУНАТА помага во намалување на крвниот притисок, а кожата ја прави нежна и мека…

Општо: Со ВИБРО САУНАТА ќе му овозможите на вашето тело ново искуство, а таа ќе биде вистинско расположение на вашиот ден. Резултатите за намалување на вишокот килограми се одлични и се видливи уште по првите неколку третмани, а вие ќе добиете потполна хармонија на духот и телото. 1 третман трае 30 мин.

За третманите на Студио за масажа и козметика “Енерги студио“, можете да прочитате ТУКА .

Подготвила: Н.Д.