Историјата беше испишана вечерва во Грузија со резултат 1:0  против домаќинот кој ја носи Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство догодина.

Сонот на многу генерации за прв настап на Македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство се оствари во 56. минута кога Елиф Елмас со акција од левата страна и додавање до Горан Пандев кој врати до Елмас, додавање до Илија Несторовски, проигрување до Пандев, резултираше со историската завршница на капитенот Пандев и историскиот гол кој ја затресе мрежата на домаќините.

Македонија ја оствари најголемата победа во историјата на фудбалот со која обезбеди учество на Европско првенство каде ќе игра со Австрија, Украина и Холандија, на натпреварите во Букурешт и во Амстердам. А.Р.