Како доаѓа летото, така започнуваат и подготовките за на плажа. А, на плажа сите сакаат да изгледаат привлечно. Козметичките салони се вистинско место каде сите желби можат да се остварат, а еден од тие салони кои нудат разни третмани и се главни „виновници“ за вашиот убав изглед е Студиото за масажа и козметика “Енерги студио”.

Во наредниот период на ТЕХТ.МК редовно ќе може да ги читате советите и услугите на ЕНЕРГИ Студио.

Во денешното издание прочитајте за ЛИПО ЛАСЕРОТ и неговата улога во слабеењето. Тоа е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди кои емитуваат ласерски ладни црвени зраци, истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза. Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти и без штетно влијание на околните ткива и кожата.

ЛИПО ЛАСЕРОТ е 100% неинванзивен метод кој, покрај намалување на обемот, делува и на затегнување на кожата. Пријатен и сосема безбеден метод за слабеење. Со неколку правилно искомбибирани третмани овој апарат помага да се изгубат во просек од 1,5-8 см од масното ткиво.

За третманите на Студио за масажа и козметика “Енерги студио“, можете да прочитате ТУКА .

Подготвила: Н.Д.