четврток, април 25, 2024
домаСо македонскиот филм „Сестри“ вечерва се отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Со македонскиот филм „Сестри“ вечерва се отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри“ кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои  специјална награда од тамошното жири, пренесува МИА.

Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот  режисер Андреј Кончаловски.

Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај сѐ“.

RELATED ARTICLES

Most Popular