Денеска во Катовице, Полска, беа прогласени тројцата годинашни добитници на единствените награди на COP, Наградите за родово правични климатски решенија (Gender Just Climate Solutions Awards) кои ги истакнуваат акции против климатските промени од грасрут иницијативи воедно менувајќи ги родовите улоги и подобрувајќи ја родовата еднаквост. Дороти Лисенга од Конго, Клајв Чибуле од Замбија и Трупи Јаин од Индија, добија грантови од по 2000 евра, можност да ги претстават своите идеи на COP24, една година менторство од членките на Women Gender Constituency, и можност да учествуваат на ранонтилница за јакнење на нивните вештини организирана од CTCN (Центар и мрежа за климатски технологии).
Наградата се доделува четврта година по ред, со 145 апликанти од 70 земји годинава.

Презентирајќи ги добитниците Ан Бар од Женската родова конституенција (н.з. една од деветте групи на општествени чинители при Рамковната конввенција на ОН за климатски промени) сочинета од 28 женски и еколошки невладини организации, истакна дека не може да има родова еднаквост на мртва планета.

Дороти Лисенга од Конго, добитничка на наградата за трансформации, истакна дека 70 % од жените во нејзината земја до скоро немаа право на сопственост на земјиште и шуми. Оваа претставничка на малцинското племе Пигмејци ја доби наградата за успехот во организирањето разговори за наследните права на жените со племенските лидери, локалните лидери и жените староседелци, постигнувајќи огромен успех во остварување на правото на жените на сопственост врз земјиште во провинциите Еквадор и Маиндомбе. Нејзината битка моментално продолжува и на национално ниво.

Клајв Чибуле од Замбија е добитник на наградата за нетехничко достигнување, односно обучувањее 537 жени за лидерство во менаџирањето проекти и отпорност на климатските промени. Во регионот погоден од климатски шокови, нужно е да поддржат жените фармери за одржливо производство, бидејќи се производители на 70 % од националната кошничка. Неговите обуки им помагаат сами да ги размножуваат семињата, да бидат попродуктивни со користење природни ресурси и со градење на нивните капацитети да бидат дел од процесот на одлучување во националните институции. Досега со инцијативата се засадени и над 35.000 дрвја и создадени 250 зеленчукови градини.

Трупи Јаин од Индија, добитчничка на техничката награда, со својата евтина и одржлива „бунгру“ технологија, им овозможи на жените во полусуви подрачја на земјата да ја користат долгорочно дождовната вода така што вишокот вода се складира во почвата во дождовен период, и се вади на површината во сув период за да се наводнат посевите. Оваа технологија, репликабилна и на локално и на глобално ниво, им овозможи на жените иако немаат право на сопственост преку сопственост над технологијата да им помогнат на заедницата и носителите на одлуки. Ова како што вели таа, ја негира и идејата дека жените и технилогијата не одат заедно: „руралните индиски жени се генијални во разбирање на земјата и земјодеството – сега развиваат и технологија – ја разввиваат на повисоко ниво градејќи ги нивните капацитети и досега се изградени над 3500 единици во Индија и уте многу надвор, во Гана, Виетнам и Бангладеш, а со секое изградено бунгру се овозможува безбедност на храната за 30 до 100 лица“.

Присутна на церемонијата беше и Санита Не Мба од Камерун, младата добитничка од 2017 година која поради проблеми со добивањето виза не можела да присуствува лани, а е наградедна за нејзината африканска кујнска револуција. Таа им даде моќна алатка на своите сонароднички – да изградат фурни од кал, кои се енергетски поефикасни, потрошувачката на дрва е 3 пати помала, има помалку чад со што е подобрено и нивното здравје, а процесот на готвење е скратен па жените имаат повеќе време за учество во другигте општествени процеси. „Од 2017 година досега се изградени уште 25 фурни, жените воедно ги градат и врските кои транзитираат преку граници – онаму акде политичките односи ги заострија комуникациите, меѓу англиканските и франкофонските заедници, сега англикански жени ја обновуваат комуникацијата така што ги делат знаењата со франкофонските жени“, вели таа.

Карина Ларсон од Центарот и мрежа за климатски технологии посочи дека мрежата која опфаќа над 79 држави, и покрива повеќе области како енергија, земјоделство, отпад, вода, сакаат технологијата да ги вклучува и жените и мажите преку родово праведни иновации, градење капацитети, па веќе втора година го поддржуваат доделувањето награди, така укажувајќи дека технологијата не е родово неутрална и дека имаме одговорност да бидат вклучени сите – не само од долу нагоре туку и од горе надолу.

Со добитниците на наградите утре ќе се одржи и прес конференција, на која уште еднаш ќе ги споделат своите родово правични климатски решенија.