Ликовниот уметник Перовски Спасе денес во Младински парк – Велес со почеток во 19 часот го изложува уметничкиот проект „ЗОШТО“. Настанот ќе трае до 19:45 часот.

Перовски иницијалната идеја за тримесечниот партиципативен перфонманс со елементи на социјално-политичко структурирање ја започнува на 28 март2016 година кога лидерите на политичките партии се договорија дека во тековната година ќе се одржат парламентарни избори.

Како што објаснува тој, ова не е политички проект туку ликовно дело кое има директна врска со еден изборен циклус.

Делото го реализира три месеци пред парламентарните избори во 2016 година, а завршува два дена пред тогашните избори. Секој ден во 18 ч., во Младински парк – Велес, отпечатено на А4 формат бела хартија поставува прашање кое во текот на реализацијата опфаќа две проблематики и тоа: култура и влијанието на општествено – политичката состојба врз неа низ погледот на уметникот и тогашната политичка состојба со целото влијание врз неговата уметност, егзистенција интегритет и семејство.

Во рамки на изложбата која ќе се одржи денеска, два дена пред парламентарните избори, ќе бидат изложени дневни весници Слободен печат (септември – декември 2016 година), 91 прашање (септември – декември 2016 година) и 91 примерок од книгата „ЗОШТО“ (сублимат од перформансот, отпечатена 2020 година), како линија во отворен простор долга 27,3 метри.

Со оглед на светската здравствена криза предизвикана од КОВИД- 19, авторот инсистира партиципиентите да се придржуваат до мерките и препораките од СЗО и Влада. А.Р.