Во време на пандемија какво што светот не памети, како и најава дека земјите се влезени во рецесија, голме број економски аналитичари и компании прават истражување и проценка како државите ќе успеат да излезат од економската криза. Според компанијата за осигурување ФМГлобал, Данска и Норвешка се на врвот на земјите кои се со најотпорни економии, односно земјите што најбрзо ќе закрепнат по глобалната пандемија на корона вирусот. Во однос на нашиот регион се проценува дека Хрватска и Словенија ќе бидат први кои ќе се оправат, додека Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора ќе бидат побавни од Србија која ги следи Словенија и Хрватска.

Гледајќи го целиот регион, вклучително и нашата земја, заклучокот е дека никој не е премногу отпорен. Исто така, се проценува дека, од економски аспект, Македонија и покрај тоа што донесе економски пакт за спас на економијата во државата е на последно место во однос на другите држави од регионот. За тоа веројатно влијаеле и другите фактори на кои се сметало во донесувањето на заклучокот, како што е, на пример, политичкиот ризик.

Осигурителната компанија ФМ направила преглед на 130 држави, и ги рангирала според еластичноста на деловното опкружување во 130 земји, врз основа на фактори како што се политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност.

На списокот на ФМ Глобална осигурителна компанија од 130 земји, резултатите се рангирани на скала од 0 до 100, со  кои 0 претставуваат најниска еластичност и 100 највисока еластичност.

Ние сме на 100-то место со 28,9 поени, а Албанија се најде на пет места пред нас, односно на 95-то место со 30,7 поени.  Од земјите во регионот, Хрватска, Бугарија и Грција ја заземаат највисоката позиција, приближно една по една. Според ФМ тие најбрзо ќе се опорават  од пандемиската криза. Така, Хрватска се најде на 37-то место со 63 бода, Грција на 56-то место со 50,6 бода, Бугарија со 59,8 на 45 место, Србија е рангирана на 63 место со 45,9,  Босна и Херцеговина, е на 70-то место со 41,5 бода, додека  Црна Гора, на 82-то место со 37,6 поени.

Во однос на екомската елсатичност, Северна Македонија е рангирана на 114 место, Србија е рангирана на 54-то место во економски поглед, Црна Гора на 62-то место, а Албанија 91то. Во однос на синџирите на снабдување, нашата земја е на 70 место и тука  е најдобро рангирана во однос на 4 фактори по кои се рангира. Зад нас е Црна Гора која  е на 86то место, Албанија на 78то и Босна на 91то место.  Во однос на квалитет на рзики се наоѓаме 110 место од 130, Албанија е на 118то место, Бугарија на 37-то, а Србија на 69то место.

Земјите од регионот веќе започнаа да усвојуваат трет пакет мерки за економијата, меѓу кои и нашата земја, но експертите велат дека сите мерки во животната средина се сведени на исти – арсеналот е практично сличен, само пристапи се разликуваат.

На пример, словенечката влада првично започна умерени серија мерки, на почетокот на март, за потоа да ја продолжи поддршката. Хрватска во неколку наврати прилагоди пакет економски мерки за помош на економијата. На крајот на март, во вториот пакет мерки, унгарската влада и прошири фискална поддршка на економијата, додека романската влада одобри, засега, скромен пакет на селективни мерки, исклучиво за компаниите погодени од кризата.

Десетте земји со најголем капацитет за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.

Што се однесува до рангирањето на нашата земја важно е да се напомене дека не е познато дали ФМГлобал ги земала во предвид последните мерки на Вадата за помош на компаниите, како и денес најавените мерки за помош на сите компании.

Н.Доковска