Србија Опен се сели во Бања Лука!

88

АТП Србија Опен привремено се сели во Бањалука, за период од една година, со цел во тој период да се надгради тенискиот центар „Новак“ во Белград.

Оваа година турнирот е закажан за средината на април, односно од 16-23 април оваа година

На овој начин во план е да се исполнат потребните услови за аплицирање за лиценца и евентуално домаќинство на АТП турнир од серијата 500.

-АТП ја прифати Бањалука како опција, бидејќи тој град е домаќин на предизвикувачи веќе 20 години. Тие се добро позната дестинација за тенисерите, таму играле многу квалитетни играчи, секогаш биле срдечно пречекани и верувам дека турнирот навистина ќе има голем успех – нагласи Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Во Бања Лука требаше да се одржи турнир како дел од турнејата Адриа, а за таа прилика во овој град е изграден тениски комплекс.

– Беа подготвени да не пречекаат нас и најдобрите светски тенисери. За жал, тогаш работите не функционираа, но сакавме да им се оддолжиме и да им се заблагодариме и веруваме дека Бањалука апсолутно заслужува да биде домаќин на АТП турнирот во 2023 година – додаде Ѓоковиќ.

Некои од најголемите тениски имиња, меѓу кои и најдобриот тенисер во светот – Новак Ѓоковиќ, тенисерот кој една година претходно ја воодушеви публиката во Белград – Гаел Монфис (ФРА), како и поранешниот трет играч во светот – Станислас Вавринка (СУИ) го потврдија своето учество на овогодинешниот АТП турнир серија 250 – Србија опен. Во завршна фаза се преговорите со победникот на минатогодишниот турнир во Белград – Андреј Рубљев (РУС), како и со Карен Хачанов (РУС) и Френсис Тиафо (САД).

На публиката во Бања Лука ќе и бидат претставени најдобрите српски играчи кои им се добро познати на љубителите на тенисот на овие простори – Ласло Ѓере, Филип Краиновиќ и Душан Лајовиќ.

Русинот Андреј Рубљов е актуелен победник на „Србија опен“, кој минатата година во финалето го совлада Ѓоковиќ со 6:2, 6:7, 6:0.

Н.Д.