На седницата одржана утрово, Кризниот штаб во Србија донесе нови епидемиолошки мерки и одлучи дека трговските центри, кафулиња и ресторани можат да бидат отворени до 14 часот за време на викендот, пренесува РТС.
Како што пишува РТС, медицинските и ветеринарните клиники, лаборатории, аптеки ќе можат да работат, додека бензинските пумпи ќе работат само по 14 часа за полнење гориво.
Услужните активности, како што се фризерските салони, ќе можат да работат до 20 часот.
Испораката на храна ќе работи за време на викендот, но шалтерите нема да бидат отворени, пренесе РТС.
Како што е најавено, членовите на Кризниот штаб ќе и се обратат на јавноста во 15 часот, кога ќе бидат објавени подетални информации за новите епидемиолошки мерки.
Следната седница на Кризниот штаб е закажана за понеделник, 1 март, кога ќе бидат разгледани нови мерки.
Како што јавува РТС, според последните податоци на Владата, Србија извршила 1.375.872 вакцинации против корона вирусот, а двете дози на вакцината ги примиле497.729 граѓани.
Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според процентот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцината, таа е прва во Европа. После Србија се Малта и Романија. А.Р.