Во Србија утре се одржуваат избори за пратеници во републичкиот и покраинскиот парламент, како и за советници во собранијата на градови и општини. Ќе се гласа на 8.385 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.

Право на глас во Србија имаат 6.584.376, во автономната покраина Војводина 1.696.447 лица. За пратеници во републичкиот парламент, ќе се избира меѓу 21 изборни листи со заокружување на само еден број. За пратениците во Собранието на АП Војводина има девет изборни листи со 24 јазични комбинации, во зависност од тоа кои јазици и писма се во официјална употреба во одредени општини и градови во покраината.

Овие избори ќе бидат набљудувани од домашни и од странски набљудувачи, а за прв пат во Србија ќе се спроведат излезни анкети. Поради корона вирусотсе препорачува да се носат маски на избирачкото место. А.Р.