Неколку српски државјани беа уапсени во меѓународна акција во Грција со 23 килограми кокаин со вредност од еден милион евра. Според српското МВР, акцијата на апсење била извршена во соработка со грчката полиција и американската агенција ДЕА на територијата на Грција.

Точниот број на уапсени не е наведен, само е наведено дека меѓу уапсените има повеќе српски државјани. Во акцијата се запленети 23 килограми кокаин, со висока чистота чија вредност изнесува околу еден милион евра, соопшти српското МВР.