На крузерот запрен кај Сан Франциско има 34 српски државјани, од кои еден бил заразен со коронавирус. Американскиот Стејт департмент го извести Министерството за надворешни работи на Србија  дека на крузерот има 34 државјани на Србија  од кои 33 членови на екипажот и еден патник.

„Тој е во изолација и се чувствува добро, има потреба од медицинска нега и во контакт е со семејството. Досега се тестирани 46 лица на овој брод, по што е утврдено дека се заразени 21, од кои 19 се членови на екипажот “, се вели во соопштението.

За бродот се вели дека денес е закотвен во Окланд, по што ќе започне со пренесување на американските државјани во медицински центри, како и со враќање на странски државјани во нивните земји од потекло, за што Министерството на Србија чека нови информации.

Што се однесува до персоналот кој беше ангажиран на бродот „Дијамант принцеза“ и беше ставен во карантин во Јокохама, јапонските власти го известија Министерството за надворешни работи на Србија за претстојното ослободување на деветте српски државјани од карантин во градот Вако. По последниот ПЦР тест и здравствено испитување, предвидено е деветт српски државјани да бидат пуштени од карантин во три групи: 10 март – четворица српски државјани, 12 март – два, 13 март – два и еден црногорски државјанин. како и еден српски државјанин на 15 март.

Еден српски државјанин, член на екипажот на Дијамант принцеза бил евакуиран од Јапонија со специјален лет организиран од Италија, и заминал за Србија на 6 март 2020 година по 14-дневен карантин од Италија, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Само колку за потсетување на истиот крузер имаше и 3 македонски државјани кои беа ангажирани како персонал на крузерот. Кај еден од нив беше детектиран корона вирусот и беше евакуиран во локална болница во Јокохама. Но, по таа информација која ај проследи Министерството за здравство, немаше друга информација за судбината овие лица. И додека другите држави преку нивните дипломатски претставништва во Јапонија добиваа информации за нивните државјани, како и сега за враќањето ан истите, ние повеќе од 2 недели немаме никаква информација за нивната судбина.

Н.Д.