Сајси MC, српската хип-хоп/треш дива, на 21 јули ќе настапи на првото издание на „Бич филм фестивал“ на плажата Оревче, Охрид, во соработка со „Блендер“ .

Ивана Рашиќ или попозната како Сајси МС е српска хип-хоп уметница. Со музика се занимава од 2002 година, а својот прв албум “Далеку е Дизни“ објавен во 2010 година. Но нејзината популарност се зголемува со соработката со диџејот БКО (dj B.k.o) и Тијана Ранчиќ. Од оваа соработка се остваруваат хитовите „Антифа кучке“ (Antifa kučke), „Надркано одење“ (Nadrkano hodanje) и „Гледај“ (Gledaj), а по овој успех след и-пи изданието „Поквареница“ (Pokvarenica).
Сајси МС и диџеј БКО веќе работат на нов материјал од кој веќе се појавија сингловите „Знам што сакате“(Znam šta ste hteli), „Клап Клап“ (Clap clap) и „Поп Поп“ (Pop pop) кои треба да се најдат на албумот „Работа, работа и само блеја“ (Rad, rad i samo bleja).

Настапот на Сајси MC, познатата треш/поп балканска кралица е резултат на соработката помеѓу „Бич филм фестивал“ и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои и Македонија.

Пред настапот, ќе има проекција на два кратки и еден игран филм од официјалната програма на фестивалот „Бич филм фестивал“.

„Блендер“ во рамките на овој фестивал ќе се претстави и со проекција на филмови од раната германска филмска продукција, односно со филмот „М-град бара убиец“ од 1931 година во режија на Фриц Ланг, како и блок анимирани авангардни филмови во Германија во 1920-тите и 1930-тите. Овие настани се поддржани од Министерство за култура на Република Македонија и Гете институт-Скопје.

Влезниците за проекциите се бесплатни, додека пак влезницата за концертот на Сајси МС заедно со филмовите од официјалната селекција на 21 јули на „Бич филм фестивал“ е 200 ден.