„Старбакс“ ќе инвестира 900 милиони јуани (130 милиони долари) во изградбата на првата фаза од својот комплекс во кинескиот град Куншан во близина на Шангај, Кина. Според соопштението од тој ланец на кафетерии, изградбата е предвидено да заврши до 2022 година, пренесува Ројтерс.

Тоа е најголемата инвестиција „Старбакс“ надвор од Соединетите американски држави и прва од ваков вид во Азија, соопшти американскиот ланец на кафетерии. Комплексот, кој се протега на над 80.000 метри квадратни, ќе вклучува објекти за печење кафе и „паметни“ магацини.