Фестивалот за живи статуи „Статуафест другото лице на улицата“годинава именуван „Скопје на улица“ своите приказни ќе ги раскажува овој петок и сабота, 17 и 18 септември, со почеток во 18:30 часот, на улица Македонија во Скопје.

Фестивалот, како што велат организаторите, Здружението на граѓани „ТимТеаросК“, оваа година ќе раскажува за она што всушност живее Скопје, односно, какви сме сите ние во овој град, кога наутро, напладне или навечер брзаме кон накеде или се враќаме од некаде, трчаме – одиме бавно, зборуваме на телефон, возиме велосипед, тротинет, јадеме (на сред улица), свириме… кои сме всушност ние и зошто сме тука во овој град, и како истиот го оддржуваме и се грижиме за него сите заедно, кој повеќе, кој помалку, но, сепак, сите еднакво го сакаме.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а спонзори се Тиквеш, Театар за деца и младинци, Џангл Тв, Сити Радио и МДН обезбедување.

Програмата ќе се одвива во согласност со сите пропишани КОВИД19 протоколи. А.Р.