Мате Лукиќ, градски советник од Задар, вчера на својот Фејсбук профил објави информација што предизвика вистинска бура во Хрватска, но и во регионот. Тој откри дека девојче со Даунов синдром е исфрлено од кафуле во центарот на градот затоа што, наводно „го расипува угледот на кафулето“, пренесува српски „Телеграф“.

– Неопислива ситуација се случи денес во центарот на Задар. Срамота, тага и јад. Девојче со Даунов синдром го уништуваше угледот на угостителскиот објект, според зборовите на келнерот. Од неа и од нејзината мајка било побарано да се тргнат настрана. Мали суштества полни со љубов и добрина. Немам зборови што јавно можам да ги упатам кон таа човечка мизерија. Задар не е таков, вие сте наш срам – стои во објавата на Фејсбук на градскиот советник кој го коментира статусот на жена, која била сведок на опишаниот настан.

Danas se u centru grada Zadra dogodila neopisiva situacija.Sramota tuga i jad. Curica sa sa Downovim sindromom je…

Публикувахте от Mate Lukić в Четвъртък, 1 октомври 2020 г.

– Седејќи со ќерка на пријателка која има Даунов синдром, дојде келнерот и ме замоли да се тргнам со тоа дете, бидејќи тој му го нарушува угледот на кафулето – напишала жената меѓу другото.

Откако веста се појави во медиумите, започна жестока дискусија во коментарите. Повеќето корисници беа шокирани и лути од ваквиот чин на келнерот, потенцирајќи дека не веруваат дека вакви скандали се случуваат во 21 век.

Наскоро млад човек кој е сопственик на познат ресторан во Задар, го контактирал Лукиќ.

– Во знак на почит и поддршка за дотичната личност, таа и нашето мало злато имаат бесплатно кафе и сок во мојот бар цела година, или што и да посака нивното срце – напиша сопственикот.

Исто така, се јавиле луѓе кои имаат некој во семејството или меѓу пријателите кој има Даунов синдром. Велат дека ќе одат со нив во кафулето од каде е отстрането детето, за да видат „дали смее некој да ги избрка“. А.Н.