Истражување на научниците од престижниот американски универзитет „Стенфорд“, предводено од д-р Роналд Леви, покажа дека вакцина против рак отстрани тумори од тела на глувци, дури и во фаза на метастази.

Истражувањето спроведено на глувци, така што вакцина директно е вбризгана во масата на туморот, успешно ги елиминира сите траги на малигни клетки во телото на животното, а треба да бидат ефикасна во лекувањето на многу видови на рак, вклучувајќи ги и оние што се јавуваат спонтано.

Глувците се генетски модифицирани за спонтано развивање на тумори. Вакцината беше исто така успешна во отстранување на метастазирани клетки раширени низ телото, се наведува на официјалниот сајт на универзитетот.

Научниците веруваат дека употребата на вакцина на локално ниво може да послужи како ефтина терапија за рак, без какви било несакани ефекти карактеристични за хемотерапијата. Вакцината се состои од два агенси, а глувците обично реагирале по една доза, а најмногу по две дози од вакцината.

„Кога ги користиме овие две агенси, забележуваме елиминација на туморите низ телото. Овој пристап не бара да се најдат специфичните цели зафатени од туморот и не бара активирање на целиот имунолошки систем, ниту промена на имуните клетки на пациентот “, вели Роберт Леви, доктор по медицина и професор по онкологија на Универзитетот Стенфорд,.

Според него, вакцината се разликува од постоечката имунотерапија бидејќи вакцината се користи локално и ги стимулира клетките зафатени од тумор, наместо целото тело.

„Кај глувците забележавме неверојатни ефекти низ телото, вклучувајќи го и исчезнувањето на туморите од телото на животните“, рече Леви.

Во понатамошното истражување, се очекува вакцината да биде тестирана на 15 пациенти со лимфом, и ако експериментот се покаже успешен, Леви верува дека вакцината ќе биде успешна во борбата против многу видови тумори.

„Не верувам дека постои ограничување кој тумор потенцијално би можеле да го лекуваме“, вели Леви.

Истражувањето е објавено во јануариското издание на „Сајанс трансплантејшн медисин“.