Стинг, артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19-ти март во 20 часот, соопшти „Авалон Продукција“, најавувајќи го својот прв календарски проект во 2022 година.

Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој излегува на 19-ти ноември.

Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на „Јуту“ во Сараево, одржан во 1997-ма година на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина, потсетува организаторот.

„Авалон Продукција“ сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.