Фото: Fadel Senna/ AFP

Ова е 100-тиот ден од руската инвазија на Украина, која и овозможи на Москва да окупира 20 отсто од украинската територија, а која моментално е фокусирана на источниот регион Донбас и неговиот стратешки град Северен Доњецк.

„Имавме одреден успех во битката за Северен Доњецк. Но, сè уште е рано. Ова е најтешката зона во моментов“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека ситуацијата „не е значително променета во текот на денот“, пренесува „Н1“.

Претходно Зеленски навести дека ситуацијата на истокот е „навистина тешка“ и дека Украина губи „од 60 до 100 војници дневно и околу 500 ранети“.

„Денес се бориме и го држиме секој метар од регионот на Луганск“, изјави утринава гувернерот на Луганск, Серхи Хаидаи.

Тој изјави дека „100 дена (Русите) уништуваат се што се истакнувало во регионот на Луганск“.

Уништени се повеќе од 400 километри „патишта со европски стандард“, 33 болници, 237 рурални клиники, речиси 70 училишта и 50 градинки, рече Хајдаи. Тој рече дека „80 отсто“ од Северен Доњецк, административната престолнина на Донбас, е „окупиран“, и дека има тепачки на улиците.