Странеец вчера ја посетил Золошката градина во Скопје и оставил коментар на официјалната страница Skopje Zoo, која веднаш потоа, од нам непознати но препознатливи причини, на Фб го промени името во Скопје Скопска…

Коментарот гласи:
-Бев тука вчера! Лоша хигиена, сиромашен амбиент, и што е најважно, вратата каде што е сместена кравата е многу опасна поради ризикот од струја! Ја ставив мојата рака спонтано на таа врата, беше многу шокантен момент кога моето тело доби шок од висока електрична енергија, а потоа 10 или 15 минути не ја чувствував мојата рака. Сега имам лузни на разни места по неа! Бидете внимателни, не го посетувајте ова место повеќе, тоа е ризично за вашиот живот и за вашето здравје!
Ова е најужасната зоолошка градина која некогаш сум ја видел. Јадните животни треба веднаш да бидат спасени од @PETA! Куќичките се мали и во валкани услови. Имаше ѓубре секаде, во сите куќички, во нивната вода за пиење, дури видовме и Хипопотам кој јадеше пластични шишиња!!! Беше срцепарателно да се види сето тоа.
Мечките се во мали тркалезни куќишта без засолниште од жешкото сонце, со, повторно велам, гнасна вода која не е за пиење и ѓубре расфрлано наоколу, и под стрес…Само одеа наоколу и вртеа во кругови.

Мајмуните, збиени во некоја мала пластична кутија како куќичка, собрани заедно во групи изгледаат депресивни. Водата во резервоарите на морските животни беше толку гнасна што буквално не може ни да ги видите низ водата.
Ние ги сакаме животни и сакавме да видиме во каква состојба се тие во оваа зоолошка градина, но се шокиравме од ова за нас, ново, непознато ниво.
Фотографиравме за да ги споделиме овие ужасни услови, и си заминавме со мрачно чувство и навистина доста депресивни. Оваа зоолошка градина треба да се затвори и животните треба да бидат спасени и испратени на друго место, каде што има услови да им се даде грижа и простор што го заслужуваат, кога веќе се киднапирани од дивината.